Продукти

  1. Безбедносни појаси и системи за задржување за моторните возила

Безбедносен појас претставува склоп од траки со безбедносна брава, уреди за подесување и прицврстување на моторно возило, конструиран да го намали ризикот од повреда на неговиот носител, во слуај на судир или ненадејно забавување на возилото, по пат на ограничување на подвижноста на телотот на носителот.
Со негова правилна употреба фаталните и сериозните повреди можат да се намалат за 45 %.
Стручноста и долгогодишното искуство на АМАК СП во ова подрачје се сигурна гаранција дека високиот квалитет и ниските трошоци на нашите безбедносни појаси даваат голем придонес во конкурентноста на возилата на пазарот.
 
Ретрактори
Ретракторите за безбедносни појаси на АМАК СП секогаш во целост можат да ги задоволат специфичните барања на клиентите, благодарение на нивниот модуларен дизајн кој овозможува надоградба на базичниот дизајн со перформанси по избор. Меѓу нив се:

  • Ретракторот со итно блокирање (ЕЛР) кој при нормални услови на возење не ја ограничува слободата на движењењ на носителот на безбедносниот појас. Составен е од единица за подесување која автоматски ја подесува траката спрема носителот и механизам за забравување кој итно се активира при ненадејно успорување или нагиб на возилото или насилно извлекување на траката од ретракторот
  • Предзатегнувачот кој ја затегнува траката во првите моменти од евентуална несреќа со цел да се намали лабавоста на појасот, со што се намалува оптоварувањето врз носителот, но и се намалува ризикот од негово "нурнување"- лизгање под лесно затегнатиот појас.
  • Ограничувач на оптоварувањето кој го одржува оптоварувањето на појасот врз телото на носителот на контролирано и предефинирано ниво, со цел да се спречи евентуална повреда на носителот, што посебно е важно кај повозрасни лица.

Брави
Бравата е уред кој што овозможува носителот да биде задржан од безбедносниот појас и брзо и лесно да се ослободи од него кога тоа е потребно и тоа кога е под дејство на голем товар. Бравите на АМАК СП се со висока јачина (25 кН) и сила на отворање 13±2 Н без оптоварување и помалку од 60 Н со оптоварување, а воедно се и така дизајнирани што не се отвораат при висока Г- сила.
 
Трака
Траката е флексибилна компонента дизајнирана да го држи телото и да ги спроведе напрегањата до точките на прицврстување на безбедносниот појас. Траката на АМАК СП е со исклучителна сила на кинење (2800 даН) и отпорност на триење и што е доста важно овозможува меко задржување на носителот со низок ефект на одскокнување.
Ги исполнуваат барањата на Директивата 77/541/ЕЕЦ, дполнета со Директивата .

2. Брави и компоненти за задржување на врати и поклопци и други механизми

Овие компоненти овозможуваат безбедно влегување и излегување од возилото како и безбедно возење со него, на тој начин што се способни да поднесат надолжни и попречни оптоварувања и се осигурани од отворање при високи Г- сили. Бравите имаат две положби на забравување и тоа средна и крајна и функционираат така што при нивното затворање не се слуша надразнувачки шум. Една од нај важните карактеристики на бравите е таа што постои можност да биде спречено нивното отворање од страна на деца.
Потребите и целите на нашите клиенти ги исполнуваме преку понудата на квалитетни производи по ниски цени и тоа:
Брави, шарнири и механизми за:
  • бочни врати
  • поклопец на мотор
  • поклопец на багажник,
Во зависност од специфичните барања на купувачот бравите за бочните врати се изведуваат со независна мануелна функција или интегрирани во централен систем на заклучување, со или без електрична сигнализација за статусот на забравување
 
Ги исполнуваат барањата на Директивата 70/387/ЕЕЦ, дполнета со Директивата 2001/31/ЕЦ и ЕЦЕ Правилникот 11.01.

3. Ретровиз

Ретровизор претставува уред наменет да дава јасен поглед на предниот, страничниот или задниот дел од возилото, во рамките на видното поле.
Специфичните барања на клиентите, ретровизорите на АМАК СП секогаш во целост можат да ги задоволат, благодарение на нивниот модуларен дизајн кој овозможува надоградба на базичниот дизајн со перформанси по избор. Истиот го сочинуваат следниве компоненти:
единица за движење и командување и тоа:
  • со мануелен погон
  • со електричен погон
единица за рефлекцијачиј главен елемент е огледалото кое може да биде:
  • рамно
  • конвексно
Оваа едница овозможува рефлексија на сликата која не заслепува што драстично ја зголемува безбедноста при возење.
единица за преклопување на ретровизорот што овозможува спречување од негово кршење при контакт со бариери. Истата може да биде во две изведби:
  • механичка
  • електрична
единица за загревање на стаклото која по потреба овозможува "чистење" на рефлексионата површина од влага и мраз, што овозможува чиста слика при екстремни климатски услови како резултат на што возењето е безбедно и удобно.
 
Ги исполнуваат барањата на Директивата 77/127/ЕЕЦ, дополнета со Директивата 88/321/ЕЕЦ и ЕЦЕ Правилникот 46.01.
 

4. Подигнувачи

Подигнувачите на стакло се уште една важна компонента од вратите на возилото.
Ретровизорите на АМАК СП благодарение на нивниот модуларен дизајн којј овозможува надоградба на базичниот дизајн со перформанси по избор, секогаш во целост можат да ги задоволат специфичните барања на клиентите. Основа на сите изведби се следниве компоненти:
погонска единица и тоа:
  • со мануелен погон
  • со електричен погон
единица за врска со стаклото и негово водење
единица за пренос на погонот во следниве изведби:
  • со барабан и јаже
  • со полуга и назабен сектор
 

Јазик: